CND Shellac основна обука
Научете правилна подготовка, апликација и отстранување на CND Shellac со професионални техники и практична работа.
CND Shellac основната обука е наменета за професионалци кои сакаат да работат со еден од најпрепознатливите системи за траен лак во светот.
Во текот на обуката се изучува правилна подготовка на природниот нокт, апликација на база, боја и завршен слој, правилно користење на лампа, како и безбедно отстранување на производот.
Учесниците добиваат практично искуство и насоки за постигнување долготрајни резултати, максимален сјај и задоволни клиенти. Посебен акцент се става на избегнување на најчестите грешки и правилна професионална процедура.
Обуката е погодна за почетници, но и за професионалци кои сакаат да ги усовршат своите техники за работа со CND Shellac.